Крајот на епидемијата и на сите мерки се очекува на почетокот на јули

Фото: МИА

Д-р Драган Даниловски проценува дека крајот на епидемијата веќе се насетува и се очекува некаде на почеток на јули.

Светлината на крајот на тунелот станува посилна затоа што оној т.н. ефективен репродукциски број се движи околу 0,5. Тоа значи дека 10 заразени, болни, можат да заразат само петмина. Тоа значи дека неизбежно се случува стивнување, спласнување на епидемиското ширење. Од друга страна, колективниот имунитет сигурно е веќе некаде преку 60 отсто, можеби и некаде 65 проценти. Исто така, просечната стапка на позитивни тестови конечно падна под три отсто. И нешто што е многу битно, т.н. 14-дневна просечна инциденција, значи просечен број нови случаи, вчера е веќе 55 нови случаи на 100.000 жители, а тоа е некаде за 11,3 отсто помалку од претходниот ден, кога имавме 62. Бројот на починати опаѓа, иако смртноста е уште висока. Бројот на хоспитализации опаѓа, значи се релаксира здравствениот систем. Е сега, ако се појави од некаде индискиот мутант, веројатно ќе се влоши малку состојбата, но дури наесен, ама не можеме да очекуваме висок бран, едноставно заради стекнатиот колективен имунитет – рече д-р Даниловски за Канал 5.

Прашан кога да очекуваме конечен крај на епидемијата, реќе дека за да прекине ширењето треба 14-дневната инциденца да се спушти под 20.

Тогаш можеме да речеме дека епидемијата помина и при такви бројки можат да се релаксираат сите мерки, а тоа би било почетокот на јули, крајот на јуни и да остане добар дел од летото за уживање – вели оптимистички д-р Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот