Крајичек го повикува Ѓоковиќ на голем турнир: „Тој не прекрши никакво правило“

Новак Ѓоковиќ е поканет да игра на турнирот во Ротердам, Холандија/ фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

И додека многу земји одлучија да ја спуштат рампата за спортистите кои не се вакцинирани, Холандија не се одлучи на таков чекор. Директорот на турнирот од серијата АТП 500 во Ротердам, Ричард Крајичек, ја искористи можноста да го покани Новак Ѓоковиќ да се натпреварува во овој град подоцна во февруари.

Сепак, тој истакнува дека лично не контактирал со Новак после сето што се случуваше во Австралија, односно откако го загуби судски случај со тамошната Влада и не го доби правото да настапува на првиот Грен слем сезонава.

Турнирот во Ротердам е на програмата за две недели, од 7 до 13 февруари. Единствена мана е што ќе играат пред празни трибини, бидејќи не е за очекување оваа мерка да биде „олабавена“ во Холандија.

– Новак обично оди на скијање во февруари, за да се опорави од „Австралија опен“. Ние ги следиме правилата на холандската Влада, а Ѓоковиќ не прекрши никакви правила, па тој е добредојден и добро го знае тоа. И јас се трудам да немам мислење што му се случило, секој е слободен да одлучи за вакцинација, тоа е негов избор – рече Крајичек.

Вајда верува во Ѓоковиќ: Новак не го кажа последниот збор

Интересно, во Ротердам ќе учествуваат дури 11 од 20 најдобри светски играчи, меѓу кои и Данил Медведев, како и Гаел Монфис.

Минатата година титулата во Ротердам ја освои Андреј Рубљов, додека првиот светски рекет Ѓоковиќ последен пат во Ротердам учествуваше во 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот