КРАЈ ЗА РУСКАТА УБАВИЦА: Марија Шарапова ја заврши кариерата

твитер

Руската тенисерка одлучи во 32. година да стави крај на активната кариера.

Освојувачката на пет грен слем титули и поранешна прва тенисерка на ВТА ранг листата, Марија Шарапова, во кариерата освои 39 титули вклучувајќи го и завршниот турнир во 2004 година, се повлекува поради проблеми со повредите.

„Тенисот ми го покажа светот – и ми покажа од што сум направена. Како си ги тестирав своите можности и како го „мерев“ моето растење. И што и да одлучам за моето следно поглавје, мојата следна планина која ќе ја искачувам, јас сè уште ќе се борам, ќе се искачувам и ќе растам.
Тенис – јас велам збогум“, напиша Шарапова на својот Инстаграм профил.

Таа откако речиси една година отсуствуваше поради повреда на рамото, не успеа да се врати во препознатливата форма и редовно губеше на стартот од големите турнири. Нејзиниот последен настап беше на Австралија Опен кога експресно во првото коло загуби од Дона Векиќ во два сета.

Покрај петте триумфи на најголемите тениски турнири, Шарапова го освои и сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон како и титулата во Фед Купот со репрезентацијата на Русија.

Голема дамка во кариерата на Шарапова беше допинг скандалот порадот недозволениот лек мелдомиум во 2016 година. Во јуни истата година заработи двегодишна суспензија, но спортскиот Арбитражен суд во Лозана и ја намали казната на 15 месеци.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот