Крај за Ренова, минимален триумф на Хајдук

epa08676222 Dimitrios Diamantakos (L) of Hajduk Split in action during the UEFA Europa League soccer match,second qualifying round between Renova and Hajduk Split in Skopje, Republic of North Macedonia on 17 September 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 

Екипата на Ренова го заврши настапот во квлаификациите за Лигата на Европа во второто квалификациско коло откако денеска загуби со минимални 0:1 од Хајдук Сплит.

Хрватскиот тим уште на самиот почеток, во четвртата минута го постигна голот кој ги однесе во третото коло и тоа преку Мијо Цакташ откако најдобро се снајде по центаршутот на Жаиро.

Хајдук доминираше во првото полувреме,  и Ренова ја задржа минималната негатива само благодарение на одличниот голман Хадис Велии кој во неколку наврати одбрани чисти зицери на гостите.
Прво во деветтата минута го одбрани ударот на Гуршчо, а потоа и на Диамантакос во 25. минута.

Ренова во финишот тргна на се или ништо, доминираше на теренот и направи создаде неколку одлични шанси
со кои можеше да дојде до израмнување но ударите на Велиу, Шефити и Јашаровски не ја затресоа мрежата на хрватскиот тим.

Хајдук ги продолжува настапите во квалификациите за пласман во Лигата на Европа и во третото коло ќе игра со подобриот од Нефчи Баку и Галатасарај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот