Крај за Далас, Јута и Денвер ќе решаваат со „мајсторка“! (ВИДЕО)
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја победија Јута Џез во шестиот меч, и така израмнија во серијата од НБА плеј-офот на 3:3.
Џамал Мареј повторно уфрли 50 поени, додека српскиот интернационалец Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 22 поени, четири скока и девет асистенции.
Руди Гобер имаше по 11 поени и скока, одличен беше и Мајк Конли со 21 поен и девет асистенции, а кај Денвер одлична партија имаше Џерами Грент со 18 поени.
Наредниот седми дуел или т.н. „мајсторка“ ќе се одигра во ноќта помеѓу вторник и среда (02.30 часот). Победникот ќе оди на Лос Анџелес Клиперс кој успеа да го елиминира Далас Маверикс.
Клиперсо со победата од 111:97 и конечните 4:2 во серијата се најдоа во втората рунда, а најзаслужен во четвртиот триумф на екипата од Ел-Еј беше Кавај Ленард кој постигна 33 поени и додаде 14 скока.
На спротивната страна недоволни беа 38 поени (по девет скока и асистенции) на Словенецот Лука Дончиќ.
Морис не престанува да провоцира: Го удри Дончиќ и за малку избегната тепачка (ВИДЕО)
Бостон го прегази Торонто на стартот од полуфиналната серија (ВИДЕО)