Крај во Лига Европа за Ристовски и Спортинг Лисабон! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во продолженијата, поточно во 118. минута херој во Истанбул за турскиот Башакшехир беше босанскиот интернационалец Вишча кој реализираше од пенал.

Иако по првиот натпревар во Португалија, екипата предводена од тренерот Силас имаше предност од 3:1, истата не успеа да ја задржи на реваншот во Турција.

Спортинг Лисабон го заврши настапот во фудбалската Лига Европа уште во 1/16 финалето, вечерва доживеа елиминација по продолженија на дуелот против Башакшехир.

Иако по првиот меч португалскиот клуб пред своите навивачи стекна позитива од 3:1, со истиот резултат триумфираше турскиот претставник на домашен терен.

Во продолженијата, поточно во 118. минута херој во Истанбул беше босанскиот интернационалец Вишча кој реализираше од пенал.

Кај гостите целиот меч го одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Во осминафиналето се пласираа уште Базел, Вулверхемптон, Баер Леверкузен, Рома, ЛАСК и Волфсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот