Крај по 16 години брак: Првата дама на модниот свет Ана Винтур е повторно сама!

Фото: Профимедиа

По цели 20 години поминати заедно, од кои 16 во брак, главната уредничка на американското издание на „Модната Библија“, Вог, Ана Винтур и американскиот пионер за телекомуникации и милионер Шелби Брајан одлучија да се разделат.

Фото: Профимедиа

Една од најмоќните двојки на денешницата, 70-годишната Ана Винтур и 74-годишниот Шелби Брајан, по долгата криза во бракот, сега одлучија да потпишат документи за развод.

Сè уште не е позната точната причина за распадот на нивниот брак, но според гласините во американските медиуми, Шелби неодамна повторно се зближил со неговата поранешна сопруга Кетрин, чиј втор сопруг, банкарот за инвестиции Дејмон Мезакапа, почина во 2015 година. Тој ја напушти Кетрин поради Ана Винтур, со која започна врска во 1999 година.

Фото: Профимедиа

Кризата во нивната врска започна уште во 2013 година, кога се откри дека Шелби Брајан и должи на даночната служба 1,2 милиони долари, по што сè тргна во надолна линија.

Самата Ана Винтур беше снимена уште во февруари на вечера со британскиот актер Бил Ниги, со кого често можеше да се види на папарацо фотографиите и во Лондон и во Њујорк, а таа и по овие шпекулации сè уште не ја коментира  нејзината брачна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот