Крај на огромниот профит на производителите на нафта, доаѓаат години на евтино гориво

Архива на СП

ЕУ прва најави дека ќе ги стимулира зелените економски политики, од оваа одлука САД веројатно ги делат само претседателските избори и промена на власта, а Кина за сега е единствената која се противи.

Потрошувачката на нафта поспоро ќе се опоравува отколку што претходно се мислеше па така побарувачката на црното злато нема да се врати во нормала пред крајот на 2021 година.

Ова е заклучокот на сите агенции за прогнозирање, а чии ставови се поклопуваат.

Секако тоа е само продолжение на лошите вести за големите производители на нафта.

Во моментов состојбата на пазарите за нафта потсетува на добро режиран филм, гигантите како Шел, Бритиш Петролеум и другите најголеми производители на нафта од шкрилци во моментов си ја „лижат раната по кризата од корона вирусот“.

БП по одлуката за отпуштање на 10 илјади работници објави проценка според која цената на горивата ќе остане ниска и во наредните децении. Во компанијата очекуваат дека поголем дел од општествата ќе почнат да бараат алтернатива по корона кризата како и дека побарувачката на нафта и преработки ќе опаѓа.

ЕУ прва најави дека ќе ги стимулира зелените економски политики, од оваа одлука САД веројатно ги делат само претседателските избори и промена на власта, а Кина за сега е единствената која се противи.

Според аналитичарите кога станува збор за работни планови БП не остава простор за грешка, а тоа значи дека доаѓа време на евтина нафта. Секако за возачите тоа нема да значи многу доколку државитеги зголемат своите акцизи во цената на горивото.

Меѓународната агенција за енергија, Организацијата на земји извознички на нафта и американската администрација за информации околу енергенсите, ги ажурираа своите прогнози на пазарите за нафта во последните десет дена, а Меѓународната агенција за енергетика го прошири својот поглед до крајот на 2021 година.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот