Крај на маратонското судење: Единствениот преживеан терорист од нападите во Париз осуден на доживотен затвор

Пукање во Париз, ноември 2015 година/Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Единствениот преживеан член на групата фанатици на Исламската држава, кој изврши серија бомбашки напади во Париз, е прогласен за виновен за еден од најсмртоносните напади некогаш видени во француската историја.

Салах Абдеслам е еден од 20-те терористи на Исламската држава осудени за убиство на 130 луѓе и ранување на стотици во координирани напади низ Париз во ноќта на 13 ноември 2015 година.

32-годишникот е во затвор од 2016 година кога беше уапсен во Белгија.

Тој е осуден на доживотен затвор. Тој нема да може да бара намалување на казната пред да одлежи 30 години од казната.

Покрај 130 загинати, уште 350 лица беа повредени во терористичкиот напад на Париз на 13 ноември 2015 година.

Повеќето од жртвите биле во концертната сала Батаклан. Нападите беа извршени и пред фудбалскиот стадион Стад де Франс каде се играше натпревар и низ центарот на градот. Одговорноста за нападот набрзо ја презеде Исламската држава.

Сите други обвинети исто така беа прогласени за виновни по сите точки од обвинението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот