Крај на кризата: Суданскиот премиер се враќа на функцијата

Абдала Хамдок
Премиерот на Судан, Абдала Хамдок / Фото EPA-EFE/MOHAMMED ABU OBAID

Соборениот судански премиер Абдала Хамдок ќе биде вратен на функцијата, во согласност со договорот што го постигна со армијата, изјави денеска за Ројтерс извор близок до премиерот.

Изворот наведува дека Хамдок се согласил на договор со армијата, со цел да се запре крвопролевањето што следеше по протестот против военото преземање на власта минатиот месец.

Уставната декларација потпишана меѓу армијата и цивилите во 2019 година ќе остане основа за понатамошни преговори, рече изворот.

Претходно денеска лидерот на партијата Ума изјави дека суданската армија планира да се врати на позицијата на соборениот премиер Абдал Хамдок, по договорот постигнат доцна синоќа.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека договорот постигнат меѓу армијата и цивилните политички партии имплицира дека Хамдок ќе формира независен кабинет составен од технократи и дека сите политички затвореници ќе бидат ослободени, рече Фадлалах Бурма Насир.

Ослободен уапсениот судански премиер Хамдок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот