Крај на кариерата на Серхио Ахуеро?

серхио агуеро
Кариерата на Серхио Агуеро е доведена во прашање поради проблеми со срцето/ фото: EPA-EFE/Javier Lizon

Серхио Агуеро можеби повеќе нема да може да игра фудбал, пренесува Радио Каталонија повикувајќи се на резултатите од лекарските прегледи на Аргентинецот.

На Аргентинецот ненадејно му се слоши на натпреварот помеѓу Барселона и Алавес, тој се фати за срцето и потоа легна на тревата. Веднаш беше пренесен во болница на детални лекарски прегледи.

Каталонскиот тим потоа се огласи со соопштение во кое објави дека на Агуеро нема да може да смета во наредните три месеци и напаѓачот ќе мора да направи дополнителни прегледи и тестови.

Радио Каталонија пренесува дека здравствената состојба на Аргентинецот е сериозна и дека лекарите му советувале да размисли за завршување на кариерата.

Засега нема никаков коментар од управата на Барселона која ги чека резултатите од сите тестови.
Серхио Агуеро во текот на летниот преоден рок потпиша за Барселона, а претходно настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид и Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот