Крај на фудбалот каков што го знаеме, само пет екипи ќе ја „преживеат“ кризата

Интересна анализа на весникот „АС“ за тоа дека работите во фудбалот повеќе нема да бидат исти.

Никој не треба да биде експерт за економија за да сфати дека коронавирусот ќе ја уништи економијата, а тоа ќе се одрази и во спортот, посебно во ној каде се вртат највеќе пари, фудбалот.

Шпанските експерти се едногласни дека фудбалот во наредните две години ќе мора поинаку да функционира сосема поинаку за да опстои и да го задржи приматот на најгледан спорт на планетата.

Тоа значи дека ќе зароравиме на трансфери како рекордниот на Нејмар од 222 милиони евра, но исто така и фудбалерите ќе мора да се согласат на намалување на платите на подолг период од сегашниот додека пандемијата на коронавирусит го парализира светот.

Клубовите се свесни дека дека загубите се мерат во десетици, ако не и стотици милиони евра бидејќи нема фудбал, затворени се клупските продавници, музеи, а нема ниту пати од ТВ преносите.

Шпански професор по економија тврди дека пандемијата на коронавирусот најдобро ќе ја покаже разликата помеѓу екипите.

– Коронавирусот ќе ги раздвои екипите на тие кои понатаму ќе можат да функционираат и оние кои нема да можат. Верувам дека ќе се направи група од 5-6 екипи против кои никј нема да може да игра. Тие неколку екипи ќе бидат супериорни во однос на останатите и тоа ќе биде потенцијално голем проблем. Никој нема да може да се натпреварува со нив на трансфер пазарот – објаснува професорот Хозе Антонио Мартин.

Според „Ас“, клубовите како Барселона кои се во сопственост на навивачите и немаат големи спонзорски договори, поточно не ги продаваат правата на стадионите, но и немаат големи договори за реклами на дресовите. Таквите екипи ќе бидат во подредена позиција во однос на екипи како Манчестер сити,ПСЖ…

Токму двете екипи кои се во сопственост на кралските семејства од Обединетите Арапски Емирати и Катар, без поголеми проблеми ќе ги преживеат финансиските загуби предизвикани од котонавирусот и ќе го преземат приматот на најмоќки екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот