Крај на една ера: „Дизни“ го згасна брендот „Твенти сенчри фокс“

„Твенти сенчри фокс“ (20th Century Fox), еден од најпознатите брендови во историјата на филмската ТВ-индустрија, веќе не постои, откако сопственикот, компанијата „Волт Дизни“, објави дека од завчера ќе се вика само „Твенти телевижн“ (20th Television).

Овој потег се случи откако „Дизни“ претходно го исфрли името Фокс од сите свои филмови на „Твенти сенчри фокс“ во јануари.

„Дизни“ минатата година склучи договор вреден 71 милијарда долари и го купи имотот на „Фокс“.

– Познатото лого и насловна картичка, на којашто се зборовите „Твенти телевижн“ поставени над рефлектор, ќе останат исти освен што зборовите „сенчри“ и „фокс“ ќе ги нема. Новите имиња и логоа на нашите студија означуваат нов ден за „Еј-би-си сигначр“, „Твенти телевижн“ и „Тачстоун телевижн“ и во исто време се оддава почит на нивната богата историја и на креативна моќ на компанијата „Волт Дизни“ – соопшти претседателот на телевизиските студија, Крег Ханегс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот