Крај на драмата во Русија, пронајден авионот кој исчезна над Сибир

Авион

Авионот Ан-28 кој исчезна над Сибир, имал тешко слетување во близина на Томск, сите патници се живи, објави руското Министерство за вонредни ситуации.

„Сите луѓе што биле во авионот се живи“, соопшти Министерството, како што објави руската агенција Тас С.

– Локацијата на тешкото слетување на авионот е откриена во 14,36 часот по локално време, соопшти прес-службата на Министерството.

Сибирската регионална единица за пребарување и спасување, исто така, за „Тас С“ потврди дека спасувачите го пронашле исчезнатиот авион.

Претходно, руските новински агенции објавија дека авионот, во кој имало до 17 лица, меѓу кои и четири деца, исчезнал од радарот денес додека летал над сибирскиот регион Томск.

Исто така беше објавено дека екипажот на авионот има три члена.

Да потсетиме, остатоците на двомоторниот авион Ан-26 беа пронајдени минатата недела на полуостровот Канчатка, а никој од 28-те лица во авионот не преживеа.

Видео на денот