Крај на драмата пред Пентагон: Полициски службеник избоден до смрт, едно лице рането, а напаѓачот убиен на лице место

Пентагон/ Фото: МИА

За време на утринското пукање на автопатот во близина на зградата на Пентагон во Вашингтон, полицаец беше избоден до смрт, а најмалку едно лице беше застрелано при пукањето, потврдија два добро информирани анонимни извори.

Во извештајот на АП се наведува дека напаѓачот бил „убиен на лице место“ и дека зградата и околината на Пентагон биле под блокада повеќе од еден час, а дека пукањето се случило пред зградата на Министерството за одбрана на САД.

Возилата и автобусите на метрото го заобиколуваат Пентагон до понатамошно известување поради полициска истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот