Крај и за Стеф Кари, Голден Стејт се „збогуваше“ со титулата! – Слободен печат
КошаркаСпорт

Крај и за Стеф Кари, Голден Стејт се „збогуваше“ со титулата!

Како што јавуваат медиумите во САД, се очекува трикратниот НБА шампион со Вориорси да ја пропушти целата сезона.

Двократниот МВП на НБА лигата, еден од најдобрите кошаркари на светот, Стеф Кари, најверојатно нема да игра до крајот на сезоната 2019/20.

Плејмејкерот на Голден Стејт неодамна доживеа тешка повреда на раката, па се очекуваше дека подолго време ќе биде надвор од терените.

Вориорси тогаш се најдоа во голем проблем, со оглед на тоа што претходно беше „отпишан“ Клеј Томпсон, а нивните маки немаат крај.

Претходно се повреди и Дрејмонд Грин, кој ги скина лигаментите на прстите, дидеја Дианџело Расел ги пропушти претходните три натпревари.

Првите најави велеа дека Кари треба да отсуствува „само“ три месеци, но се верува дека неговата повреда е потешка отколку што се сметаше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close