Крај и за Федерер, елиминиран од 78 играч на светот! (ВИДЕО)

twitter.com/NOWTennis_

Григор Димитров (78, АТП) после пет сета со 3:6, 6:4, 3:6, 6:4 и 6:2 го елиминираше еден од фаворитите за освојување на „УС Опен“.

Тоа е уште една голема елиминација на турнирот, откако претходно настапот го заврши и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, па така сега Рафаел Надал има најголеми шанси за тронот во САД.

Бугаринот за првпат во својата кариера го совлада Федерер и тоа во осмиот обид. За пласман во големото финале ќе игра против Данил Медведев кој пак со 7:6 (6), 6:3, 3:6 и 6:1 беше подобар на Станислас Вавринка за комплетирање на тажниот ден на швајцарските тенисери.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција треба да биде комплетирана после останатите две четвртфинални средби: Беретини-Монфис и Шварцман-Надал.

Кај жените Американката С. Вилијамс убедливо со 6:1 и 6:0 ја совлада претставничката од Кина, В. Кианг и во полуфиналето ќе игра со Украинката Елина Свитолина која двапати со 6:4 ја исфрли Јоана Конта од Велика Британија. Во останатите мечеви од четвртфиналето силите ќе ги одмерат Бенчиќ-Векиќ и Андрееску-Мертенс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот