Крај и за Данска, формирани двете групи во главната фаза!

фото: ehf-euro/Anze Malovrh/kolektiffimages

Данската репрезентација чекаше „услуга“ од Исланд да триумфира над Унгарија со цел да ги одржува шансите за учество во вториот круг, но тоа не се случи.

После Франција, уште една селекција која се вбројуваше меѓу најголемите кандидати за медал, Данска е елиминирана од Европското ракометно првенство.

Денеска во последното трето коло од групата Унгарците беа подобри од Исланд со 24:18 и го освоија првото место, па така дуелот Данска-Русија (31:28) немаше никакво резултатско значење. После триумфот на Данците тоа и официјално значи дека Македонија го освои 15. место на континенталниот собир.

На теренот во Малме најефикасен во унгарската репрезентација беше Банхиди со осум голови, а за Исланѓаните по четири имаа Палмарсон и Сигурдсон.

Веќе се формирани двете групи од главната фаза чии натпревари ќе се играат на терените во Виена и Малме.

Првопласираните две репрезентации од групите ќе играат во полуфиналето во Стокхолм каде што и ќе се играат дуелите за медалите.

ЕП, главна фаза

Група 1 (Виена)

16. јануари (прво коло, двојки): Шпанија-Чешка, Хрватска-Австрија, Белорусија-Германија.

Табела:

1. Хрватска 2 бодови
2. Шпанија 2
3. Австрија 2
4. Чешка 0
5. Германија 0
6. Белорусија 0

Група 2 (Малме)

17. јануари (прво коло, двојки): Словенија-Исланд, Португалија-Шведска, Норвешка-Унгарија.

Табела:

1. Норвешка 2 бодови
2. Унгарија 2
3. Словенија 2
4. Шведска 0
5. Португалија 0
6. Исланд 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот