Крај и во Шкотска: Деветта титула по ред за Селтик

Сите 12 клубови се согласија дека невозможно е продолжување на натпреварувачката фудбалска сезона 2019/2020.

Шкотската Премиерлига официјално е завршена и титулата е доделена на Селтик, кој до прекинот на сезоната беше лидер со 13 бодови предност во однос на второпласираниот Ренџерс.

Денеска на состанокот на Управниот одбор беше донесена одлуката, откако претходно сите 12 клубови се согласија дека невозможно е продолжување на сезоната 2019/2020.

Така, популарните Келти стигнаа до деветтата последователна титула и го продолжија своето владеење во шкотскиот фудбал.

Хартс е екипата која ќе се пресели во понизок ранг, но можно е тоа и да не се случи. Постојат најави дека во наредната сезона би можело да дојде до проширување на шкотскиот шампионатот, и на тој начин Хартс би останал во елитата.

Главниот фокус ќе биде како да го вратиме фудбалот во нормала и да продолжиме со фудбалот што поскоро. Никој не треба да се сомнева колку ќе биде тежок тој напор – рече еден од челниците на шкотската лига, Нил Донкастер.

Ќе биде интересно каква ќе биде процедурата за учество на шкотските екипи во европските натпреварувања. Сезоната предвреме ја завршија уште Французите, Холанѓаните и Белгијците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот