Крадци и украдоа 300 медали на српска пливачка

Најдобрата српска пливачка, Наѓа Хигл во текот на минатиот викенд остана без сите медали кои ги освои во кариерата. Имено крадци од гаражата на зградата во Панчево во која живее поранешната светска шампионка во пливање и украле два велосипеди, две детски седишта за во автомобил и две кутии со дури 300 медали.

„Олеснета сум за два велосипеди, две детски седишта и преку 300 медали. Ви благодарам драги крадци“, напиша Хигл на својот фејсбук профил.

Таа на пријателите им се пожалила дека медалите веќе се стопени.

Хигл најголемиот успех го постигна во 2009 година кога стана светска шампионка на 200 метри градно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот