Крадец со боксирач сакал да истепа полицајци
Тешка кражба и напад на полицајци гласи кривичната пријава против 29-годишниот Н.Н. кој заедно со девојка украле џип, а потоа се обидел да повреди тројца полицајци.
Јавното обвинителство против насилникот побара судија на претходна постапка барање да му одреди притвор. Во пријавата е наведено дека осомничениот украл возило „БМВ Х5“. Кога бил забележан од газдите, го стартувал возилото и избегал. Сопственикот на џипот за кражбата ја алармирал полицијата која започнала потрага по возилото.
Кога сега осомничениот бил лоциран дека е населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило „шкода јети“ се обиделе да му го попречат патот и да го уапсат крадецот. Но, тој со џипот удрил во полициското возило, а потоа користејќи боксирач со бодежи сакал да ги нападне двајцата полицајци. Во посредна близина бил трет полицаец кој им помогнал на колегите да го уапсат крадец.