Крадец со боксирач сакал да истепа полицајци

Тешка кражба и напад на полицајци гласи кривичната пријава против 29-годишниот Н.Н. кој заедно со девојка украле џип, а потоа се обидел да повреди тројца полицајци.

Јавното обвинителство против насилникот побара судија на претходна постапка барање да му одреди притвор. Во пријавата е наведено дека осомничениот украл возило „БМВ Х5“. Кога бил забележан од газдите, го стартувал возилото и избегал. Сопственикот на џипот за кражбата ја алармирал полицијата која започнала потрага по возилото.

Кога сега осомничениот бил лоциран дека е населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило „шкода јети“ се обиделе да му го попречат патот и да го уапсат крадецот. Но, тој со џипот удрил во полициското возило, а потоа користејќи боксирач со бодежи сакал да ги нападне двајцата полицајци. Во посредна близина бил трет полицаец кој им помогнал на колегите да го уапсат крадец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот