Крадец од струшко Долно Белица се обидел да врши обљуба

Фото: илустрација/архива на Слободен печат

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 55-годишниот С.С. од село Долно Белица добил кривична пријава поради сомнение за сторена разбојничка кражба и обид за обљуба врз 45-годишна жена од село Ложани.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.С. (55) од струшкото село Долно Белица, поради постоење основи на сомнение за сторена „разбојничка кражба” и обид за обљуба. Тој на 10.8.2022 година околу 9.30 часот, на локален пат помеѓу струшките села Биџево и Ложани, физички нападнал 45-годишна жена со привремен престој во селото Ложани, се обидел да изврши обљуба и ѝ одзел личен предмет“, се вели во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот