Крадците имаат нови трикови: УКРАЛЕ кола за 30 секунди (ВИДЕО)

Youtube

На надзорните камери фатени се крадци кои без клуч украле автомобил од марката „тесла“ вреден околу 100.000 и тоа за помалку од 30 секунди.

Брзата и бесрамна кражба се случила во раните утрински часови во средата на еден имот во Лондон. На снимката може да се види како крадците влегуваат на имотот преку отворената врата на дворот.

Облечени во долгите маици со качулки и околу вратот носат електрични жици и направи.

Додека еден влегува во куќата со жиците, „теслата“ се пали и со своите предни светла дава знак дека е отклучена. Другиот крадец ја отвора вратата на возачот и влегува во скапоценото возило.

Сопственикот на куќата рекол дека е апсолутно шокиран колку брзо се случило сè.

Возилата што не се отклучуваат со клуч многу лесно се отвораат. Радиосигналот се емитува со краток домет на само неколку метри, а кога возилото е блиску, автомобилот многу брзо го препознава и ја отклучува вратата.

Крадците тој сигнал можат лесно да го пресретнат со помош на техниките на задушување на клучевите и другите методи за да добијат пристап до возилото.

Брзата и тивка кражба на автомобили станува сè попопуларна во Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот