Крадци ограбиле Босанец во Битола, ги фатиле за помалку од еден ден

Широк сокак, Битола / Фото: Aktron / Wikimedia Commons

Полицијата денеска ги лиши од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34) обвинети за кражба, постапувајќи по претходна пријава од страна на 46-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, со привремен престој во Битола, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Оштетениот вчера во 21:30 часот пријавил дека од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари, информира МВР.

Двајцата осомничени крадци се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавувачот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик, информираат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот