Крадци фатени на дело во Неготино, во комбе товареле предмети од двор на фирма

Тројца крадци, од кои еден е малолетен, се фатени на дело како товарат украдени предмети од двор на фирма во комбе, соопшти полицијата.

„На 24.03.2025 во 02:30 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник. Тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино. Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот