КПМГ: Во текот на 2020 година потрошувачката на фалсификувани цигари во ЕУ е двојно зголемена

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Потрошувачката на нелегални, односно фалсификувани цигари во ЕУ во текот на 2020 година, во споредба со 2019 година, е скоро двојно зголемена. Таа потрошувачка се зголемила за цели 87 проценти, се вели во студијата на КПМГ.

Уделот на нелегални цигари, кои се додадени на фалсификувани и шверцувани цигари, во моментов е на 7,8 проценти, што е околу 34 милијарди цигари.

– Еден фактор во порастот на фалсификувани цигари во ЕУ е пандемијата на коронавирусот, нагласува Александар Шенегер, директор на Филип Морис во Австрија.

Поради затворените граници, мобилноста на граѓаните, но и на криминалните групи е намалена.

Во текот на минатата година беа откриени 129 објекти за производство на лажни цигари во Европа, а една година порано беа 93 повеќе. Цигари биле нелегално произведени во дури 16 земји, четири повеќе отколку во 2019 година.

Според Шенегер, само во Полска се откриени 80 производствени погони на лажни цигари. Потоа следува Грција со осум, Белгија со шест, па Шпанија со четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот