Козметички третмани со кафе во домашни услови

Кафе/ Фото: МИА

Кофеинот денеска успешно се применува во производство на најразлични козметички производи, особено оние наменети за поттикнување на циркулацијата.

Но, што велите да употребите кафе за козметички третмани во домашни услови.

Ова се три наши предлози:

Тоник за кожа – Со памук нанесете свежо сварено кафе на лицето и масирајте со кружни движења. Ќе постигнете изедначување на тенот. Исто така може да ставите кафе во калапи за мраз и да го масирате лицето со една коцка секој ден.

Маска за темна коса – измешајте две жолчки, мала лажичка рум, две лажици топла вода и додајте една лажичка мелено кафе и малку маслиново масло, Нанесете на косата, оставете да делува 5-10 минути и измијте со топла вода.

Антицелулитен третман – измешајте мелено кафе со гелот за туширање што обично го користите. Масирајте ги зоните на телото каде имате целулит. Истуширајте се со млака вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот