3 C
Скопје

Козметички грешки кои вашата кожа нема да ви ги заборави

Ако ваквите грешки во грижата за кожата ги правите често,  ќе ви се вратат како бумеранг, бидејќи предвремено ќе ви се појават видливи знаци на стареење .

За да се чувствувате добро во својата кожа, таа мора да биде негувана и здрава. Имајте на ум дека кожата скапо ги плаќа сите ваши грешки. Најчести се сезонското нанесување на креми со УВ заштитен фактор, спиење со шминка на лицето,  купување на скапи производи кои не одговараат на вашиот  на тип кожа и честото менување на козметика. Ако ваквите грешки во грижата за кожата ги правите често,  ќе ви се вратат како бумеранг, бидејќи предвремено ќе ви се појават видливи знаци на стареење .

На пример, ако под изговор дека ниту една крема не делува постојано испробувате нови производи – тогаш грешите. И на  вашата кожа, но исто така и на  производот му е потребно време за да “станат пријатели”.На повеќето креми потребни им се околу осум недели за да покажат видливи резултати . Од друга страна, на кожата и е исто така потребно време за да  изгради толеранција на агресивните состојки во кремата против брчки .

Прочитајте и...  ФОТО | Ниско и сексистички: Џим Кери на удар на јавноста поради карикатурата на Меланија Трамп

Ако кремите ги менувате премногу често, последиците можат да бидат воспаление на кожата кое го забрзува создавањето на брчки и темни дамки, а и намалување на еластичноста на кожата Дерматолозите советуваат дека ако сакате да го промените вашиот производ, тоа да го правите најчесто еднаш на  два месеца.

За отстранување на шминката  потребни ви се само две минути, а ќе ви помогне кожата долго да го одржи свежиот и негуван изглед. Инаку, кожата цела ноќ би била изложена на маснотии, нечистотија и честички шминка, а последица на тоа се затнатите пори и акни .

Грубите движења при отстранување на шминката од очите ја истегнуваат кожата и ја намалуваат нејзината еластичност. Најдобри се нежните отстранувачи на шминка, а добра замена е и бебешкиот шампон.

Прочитајте и...  Книжна пара од 20 долари поради една грешка достигна цена од 369.000 долари

Заменете ја маскарата на секои три месеци, руменилата, пудрите и сенките не ги користете подолго од шест месеци. Пудрата во прав трае до две години, а кармините околу една година .

При изборот на козметика, погледнете на декларацијата и листата на состојки. Најефикасни производи против стареење се оние чии состојки се ретиноидите, АХА, пептиди, витамин Ц и хидратори, како што е хијалуронската киселина.

Ако агресивниот пилинг ви предизвикува црвенило и иритација на кожата, наместо со груб пилинг мртвите клетки отстранете ги со хемиски пилинг како што е гликолната киселина и нежно средство со ситни перли .

Кремите со заштитен фактор не се резервирани само за летото и сончање. Во текот на целата  годината, ние сме изложени на штетните ефекти на УВ зраците, кои се главна причина за предвременото стареење на кожата. Бидејќи пробиваат и низ стакло, изложени сте дури и кога сте дома или во автомобил. За да ја заштитите вашата кожа секој ден, користете крема за сончање или хидратантна крема со фактор 30.

Прочитајте и...  Виц на денот: Лек

Поврзани вести

Памела Андерсон ги напушта социјалните мрежи: Нема да заработувате пари на мене!

Слободен печат

Едноставни и вкусни: Меки бисквити со тиква

Слободен печат

Која е вистината? Мила и Ештон цел свет ги разведува, а тие планираат заеднички проекти

Слободен печат

ВИДЕО | Храбра Македонка го опишува пеколот откако нејзина слика се нашла во „Јавна соба“: Испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто

В.Т.

Уште две нови жртви на Мирослав Мика Алексиќ: Едната девојка со потресна исповед

Слободен Печат

Воопшто не им е лесно: За Иванка Трамп и сопругот нема повеќе место во Вашингтон, а не ги сакаат ниту во Њујорк

Слободен печат

Остави Коментар