КОЗМЕТИЧАРИТЕ СОВЕТУВААТ: Што треба да знаете за депилација на бикини-зоната?

бикини

Целосно ваш избор е дали и како ќе ги отстранувате влакненцата од интимната зона, но ако се решите за козметичка интервенција, тогаш треба да знаете неколку нешта.

Козметичарите кои изведуваат каков било тип на депилација, се согласни за следново:

Никој не ве осудува какви сте долу

Оние кои ја работат оваа работа виделе најразлични форми и облици на женска интима, а вие сте само уште еден клиент кој треба да излезе задоволен од нивниот салон.

Не е толку страшно

Депилацијата на бикини-зоната со восок е болна, но не е толку страшна колку што мислите, особено доколку изберете професионалец да го направи тоа.

Не доаѓајте нечисти

Исто како што миете заби пред одење на заболекар, така треба да бидете истуширани пред да заминете на депилација кај козметичар.

Не доаѓајте со полн стомак

Имајте предвид дека ќе бидете голи од појасот надолу и дека може да ви студи, а поради тоа да почувствувате потреба за мокрење. Внимавајте барем тој ден, за да не се доведете до непријатни ситуации.

Не се бричете пред депилација

Влакната треба да бидат најмалку 5 милиметри во должина, а подобро е малку подолги од тоа, за восокот да може да ги „фати“ и искорне од корен. Запомнете, таму одите за отстранување на влакната, па нема потреба однапред да се средувате самите.

Дојдете во удобна облека

Најважно е свежо издепилираната бикини зона да не ја „затворате“ во тесна облека. Во лето носете лежерен фустан, а во ладните месеци некоја поудобна, поширока и задолжително облека од природни материјали.

Кажете што точно сакате

Ако сакате целосна депилација или делумна, тоа треба да го нагласите веднаш. Ако не нагласите, најголемиот број козметичари изведуваат целосна депилација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот