Коѕијас: Владата го поткопува Договорот од Преспа

Владата го поткопува Договорот од Преспа, а потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување, коментира поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил за последните случувања по Самитот на ЕУ.

– По ветото на Макрон еден е заклучокот од практиките на владата во однос на Договорот од Преспа: го поткопува и потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување. Затоа, ќе има многу голема одговорност за евентуални непријатни случувања во регионот, напиша Коѕијас на Твитер. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот