Kози и овци ќе ја спасуваат Барселона од шумските пожари

Овци и кози/ Фото Pau BARRENA / AFP / Profimedia

Градот Барселона одлучи проблемот со сушата и пожарите да ги решава на еден стар, но очигледно уште успешен метод. Властите од локалните фарми собраа речиси 300 овци и кози кои имаат една задача – да пасат што е можно повеќе трева, пишува „Гардијан“.

Идејата е едноставна, за областите кои се подложни на шумски пожари ќе се грижат овие животни, кои ќе ја пасат и газат површината која може дополнително да ги прошири пожарите.

Во минатото ова бил еден од начините на кои луѓето се справувале со шумските пожари. „Ние не измислуваме ништо ново овде“, рече Гилем Каналета од Фондацијата Пау Коста, каталонска непрофитна организација која ја спроведува стратегијата од 2016 година во провинцијата Жирона, во близина на Барселона. „Она што го правиме е враќање на нешто што веќе постоело, но исчезнало“.

овци
Овци, Фото: Profimedia

Градот Барселона во април го искористи овој пилот-проект во паркот Колсерола, зелена површина од 8.000 хектари поставена над градот и во кој се забележуваат во просек по 50 пожари годишно, рече Елои Бадија, градскиот советник на Барселона за климатски итни случаи и еколошка транзиција.

Обично, овие пожари брзо се гаснат. „Овде постои ризик дека еден ден може да избувне голем пожар, кој ќе има големо влијание“, рече тој. „Тоа е многу голем и урбан парк, опкружен со густо преполни општини“.

И други земји низ светов се справувале со пожарите на овој начин. На пример, Калифорнија која лани се бореше со страшните пожари во кои изгореа над 850 илјади хектари, неколку компании најдоа кози кои ги пасеа зелените површини. Истата стратегија ја искористи и Португалија, кои пак употребија коњи за да се справат со пожарите во 2017 година.

Во Шпанија овој начин на справување со пожарите започнал пред скоро две децении, кога регионот Андалузија бил погоден од страшни пожари.

Истражувањата сугерираат дека пасењето може да биде ефективно кога е поврзано со други методи за спречување на шумски пожари, како што се механичко расчистување и конторлирањето на горењето, вели Јулија Рует-Ледук, истражувач во германскиот центар за интегративно истражување на биолошката разновидност на Универзитетот во Лајпциг.

„Тоа не е целосно решение“, додаде таа. „Но, тоа е дел од решението што може да им помогне на површините да бидат поотпорни на оган“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот