Фото: КК Кожув

Кожув издоминира против Куманово и закажа полуфинале со Гостивар

Кошаркарите на Кожув се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија откако на свој терен беа убедливи и против Куманово славеа со 81:69.

Тимот предводен од Апостоли Апостолов со оваа победа се реваншираше на кумановчани за убедливиот пораз пред пет дена од 66:99. Кошаркарите на Кожув одиграа одличен натпревар, а најрасположени беа Стевановиќ, Вилсон и Пилепиќ.

Уште од стартот на натпреварот Кожув со добра игра ја најави победата и на паузата водеше со 42:29.

Продолжи доминацијата на гевгеличани и во третиот период кога стигнаа до плус 19. Намалија гостите во последните моменти на 62:73, но повеќе од тоа не можеа. Најдобар во Кожув беше Стевановиќ со 24 поени, Вилсон уфрли 17. Кај Куманово се издвојуваше Радукиќ со 20.

Противник на Кожув во полуфиналето ќе биде Гостивар кој претходно денес го изненади ТФТ.

Гостивар прв полуфиналист во Купот на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот