Ковид заразата предизвика пад на довербата кај француските потрошувачи

Индексот на потрошувачкото расположение во јули опаднал на 94 поени од ревидираното ниво во јуни од 96 поени, потфрлувајќи во однос на просечната прогноза на економистите за очекуван раст на 99 поени.

Големиог број на ноовозаразени во земјата предизвика неочекувано опаѓање на довербата кај француските потрошувачи што пак се одрази врз стравот од можноста невработеноста да остане на високо ниво. Луѓето се повеќе го чувствуваат намалувањето на животниот стандард. Ваквите резултати се добиени од месечното истражување кое го спроведе агенцијата за стстистика „INSEE“.

Според добиените податоци индексот на потрошувачкото расположение во јули опаднал на 94 поени од ревидираното ниво во јуни од 96 поени, потфрлувајќи во однос на просечната прогноза на економистите за очекуван раст на 99 поени.

Првично врз намалувањето на довербата на потрошувачите влијаеше воведувањето на најригорозни мерки за затворање на Франција во Европа заради коронавирусот, но таа се поправи кон средината на мај откако рестриктивните мерки беа олеснети.

На 20 јули, Франција воведе задолжително носење маски во затворени јавни простори.

Загриженоста на домаќинствата за невработеноста е малаку намалена, но, сепак, останува голема, откако во јуни го достигна својот седумгодишен максимум.

Владата во Париз предвидува пад на нејизната економија за 11 проценти годинава, што ќе стави во ризик дури 800.000 работни места, пренесуваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот