Ковид состојба: За три дена 96 новозаразени, 288 оздравени, четворица починаа

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022):

Направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 66, Куманово – 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола – 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (24.09 – 26.09.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г) и истото е починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91г и 89г) и едно лица од Кавадарци (71г). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08 до 15.09.2022 година.

Направени се 962 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-104, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-23, Биотек-38, Систина-14, лабораторија Лаор-8, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-48, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 441.
Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот