Ковид состојба во регионот: Пад на бројките, вообичаено за понеделник

Србија за време на ковид пандемијата/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Најновиот пресек на епидемиолошката состојба во земјите од регионот е вообичаени како за понеделник, кога бројот на новозаболени е значително помал во однос на крајот на претходната недела..

Кај нас се регистрирани нови 156 случаи, а МЗ соопшти дека има и 10 починати лица.

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 1.282 новозаразени. Учеството на позитивните во бројот на тестирани лица е 43,3 отсто. Во моментов активни се 36.611 инфекции, а седумдневниот просек на заболени е 2.862.

Во Хрватска се регистрирани 1.242 нови случаи на коронавирусот, со што бројот на активни е зголемен на 29.265 заразени. Беа тестирани повеќе од 3.000 примероци. Во последните 24 часа починале 46 лица, а 9.546 се починати од почетокот на епидемијата.

Во Србија се забележани нови 4,348 случаи на ковид-19 со 67 жртви.

Во Босна и Херцеговина се регистрирани 367 лица позитивни на коронавирус, од 1.697 обработени тестови. Починале 37 лица.

Во последните 24 часа во Црна Гора од последици на коронавирусот починале 15 пациенти, од кои најмладиот имал 25 години. Регистрирани се 418 нови случаи. Вкупниот број на починати од последиците од коронавирусот во земјата е 2.163. Вкупниот број на моментално активни случаи е 5.358.

Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 568 новозаразени и пет починати пациенти. Тестирани се 2.659 лица. Во моментов има 8.059 активни инфекции.

Во Бугарија се пријавени 1.256 нови случаи и 69 смртни случаи. Во моментов има 112.845 активни инфекции. Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата во Бугарија е 25.074 лица.

Грција продолжува со новите црни рекорди, тие забележија 7,335 нови случаи во последните 24 часа, вкчучувајќи и 65 починати лица, пишува Катимерини.

Видео на денот