Ковид состојба: 96 новозаразени, 37 оздравени, тројца починати

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од: Скопје – 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починати во домашни услови.

Направени се 729 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-15, Биотек 16, Систина-5, лабораторија Лаор-1, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-0, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот