Ковид состојба: 619 нови случаи, починаа четворица возрасни пациенти

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.253 тестови, а регистрирани се нови 619 случаи на КОВИД-19: Скопје – 265, Битола – 41, Охрид – 32, Куманово – 31, Велес и Струмица – по 22, Тетово и Кавадарци – по 21, Неготино – 19, Прилеп – 18, Штип – 16, Гостивар и Кочани – по 14, Струга – 12, Кичево и Гевгелија – по 11, Ресен – 7, Свети Николе и Берово – по 6, Радовиш, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка – 4, Дебар – 3, Кратово и Македонски Брод – по 2, Валандово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (619), регистрирани се 127 реинфекции.

Регистрирани сe 803 оздравени пациенти од: Скопје – 287, Тетово – 62, Прилеп – 59, Велес – 42, Куманово – 40, Гостивар – 38, Битола и Кавадарци – по 37, Охрид и Штип – по 22, Радовиш – 19, Гевгелија – 17, Струмица и Кочани – по 16, Крушево – 14, Кичево – 11, Неготино – 10, Берово и Демир Хисар – по 8, Дебар и Виница – по 6, Струга – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Ресен и Свети Николе – по 3, Богданци и Дојран – по 2, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Охрид (94г), Битола (80г), Куманово (84г) и Штип (72г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 30.07 – 03.08.2022 година.

Направени се 1.253 теста преку: ИЈЗ-167, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-17, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–129, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-13, Биотек-39, Систина-43, лабораторија Лаор-2, Синлаб-5, Ремедика-1, Плодност-3, Генеа-3, Никоб Лаб-68, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-1, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб-1, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 515.

Досега во земјата се направени вкупно 2.134.298 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 334.562, бројот на оздравени пациенти е 321.243, на починати е 9.414, а бројот на активни случаи изнесува 3.905

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот