Ковид состојба: 300 нови случаи, еден починат пациент

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 19, Охрид – 16, Прилеп и Кавадарци – по 13, Струмица – 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево и Делчево – по 4, Тетово и Струга – по 3, Штип и Кочани – по 2, Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево – по 1

Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 197 оздравени пациенти од: Скопје – 129, Битола – 16, Кавадарци – 10, Прилеп и Куманово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 4, Гостивар – 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци – по 2, Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.493 тестови преку: ИЈЗ-171, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-19, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–253, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-54, Биотек-72, Систина-36, лабораторија Лаор-82, Синлаб-14, Ремедика-23, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-216, ВФВ Медикал-44, Ели Медика Плус-24, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–8, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.134

Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот