Ковид-ситуацијата во Битола е алармантна, предупредува д-р Гагачовска

Д-р Билјана Гагачовска / фото: ТВ Тера/принтскрин

Состојбата со Ковид 19 во Битола станува алармантна, вели директорката на Клиничката Болница, д-р Билјана Гагачовска. Како што пренесува телевизијата Тера, изминатите денови се регистрирани над 250 прегледи на пациенти со симтоми на Ковид. За разлика од минатите бранови, во овај бран е помал бројот на хоспитализации.

„Реално состојбата во Битола станува алармантна и веќе последната седмица е навистина алармантна. Од последните бројки достапни од Институтот, активни случаеви заклучно со 11 јануари се 1261 позитивен случај кое што навистина врши голем притисок врз ковид центарот, а само за вчерашните бројки да зборувам, дека прегледите во двете амбуланти за сомнителни случаеви и позитивни случаеви достигнаа 173 прегледи во едно деноноќие, која што е енормна бројка и 250 пациенти имало во ковид лабораторијата. Бројките за хоспитализација се релативно стабилни. Во последните два брана немаме притисок за хоспиталаизација. Во моментот имаме само 23 пациенти кои се лежечки и 32 пациенти кои што дневно болнички примаат терапија, но она што е алармантно е огромниот притисок врз ковид амбулантата, бидејќи невозмзожно е да се постигне во едно деноноќие да се прегледаат во двете амбуланти сите пациенти“, рече д-р Гагачовска.

Таа упати апел до пациентите, граѓаните и матичните лекари.

„Да се врши проценка кој пациент е потребно да се упати на преглед, бидејќи ова навистина се огромни бројки, коишто повлекуваат не само човечки ресурси туку и материјални ресурси и обезбедување на сѐ што е потребно за да се изврши тој преглед, бидејќи пациенти кои што немаат симптоми, кои се случаен наод на ковид позитивни апсолутно нема потреба секојдневно да доаѓаат бидејќи се ствараат огромни гужви, се ствара и револт, но сепак да повторам: капацитетите ни се тие. Работиме паралелно во три пункта во амбуланти каде што се примаат овие пациенти, а имајќи предвид дека секако не можеме да се доведиме повторно да го затвориме редовното работење на болницата бидејќи апсолуно сите останати пациенти имаат потреба да го добиваат својот адекватен третман“, вели д-р Гагачовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот