Ковид повторно ја разниша берзата, европските акции бележат пад

Европските акции денеска повторно паднаа поради стравувањето од тешки и трајни економски последици предизвикани од ударот кој го зададе пандемијата предизвикана од корона вирус откако претходно се стабилизираа по информациите кои ги стимулираа инвеститорите за напредокот околу развојот на лекот за Ковид – 19.

Паневропскиот индекс „STOKS 600“ утрово забележа пад за 1,1 отсто, а лондонскиот „FTSE 100“ потона за 1,3 проценти по лошите податоци за продажбата во Велика Британија во март, известува Ројтерс.

Глобалните пазари на акции генерално ослабнаа по вестите дека експерименталниот лек на компанијата „Gilead Sciences“ не успеа да им помогне на пациентите со тежок облик на заболување за време на клиничкото испитување, иако овој производител на лекови соопшти дека резултатите не се валидни бидејќи испитувањето почнало прерано.

Сите главни европски сектори паднаа при утринското тргување, банкарскиот индекс„SKS7P“ предводеше со падот бидејќи бонитетната агенција „S&P“ го намали рејтингот на германската „Комерц банк“ за еден степен и ги намали изгледите на „Дојче банк“ на негативни од нивото „стабилни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот