Ковид на Апенините: Италија денеска брои 353 смртни случаи

Фото: EPA-EFE/Mourad Balti Touati

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија денеска се зголеми за 353, што е најголема бројка од 6 мај, соопшти италијанското Министерство за здравство. Вчера бројот на смртни случаи беше 233.

Вкупниот број починати од ковид-19 во Италија сега е 39.412, објави порталот „Ворлдметерс”.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 28.244 нови случаи на коронавирус, што е значително повеќе од вчерашните 22.253 нови инфекции.

Вкупниот број лица заразени со ковид-19 во Италија е 759.829

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот