Ковид кризата повторно ја „потресе“ цената на нафтата

Цената на нафтата со нов рекорд / Фото: МИА

Загриженоста за побарувачката на гориво се зголеми откако се појавија извештаи за пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Кина.

Загриженоста поради порастот на нови случаи на коронавирус во Кина и САД кои би можеле да го запрат закрепнувањето на економиите и зголемувањето на побарувачката на гориво, и покрај олеснувањето на мерките за ограничување на движењето на луѓето повторно ја намали вредноста на црното злато при тргувањето на азиските берзи.

Цената на фјучерсите за нафтата „брент“ од Северното Море падна за 22 центи, или 0,5 проценти, на 40,49 американски долари за барел во утринското тргување, откако во претходната трговска сесија падна за 25 центи.

Американската „лесна“ н афта WTI утрово се тргуваше за тргуваше со пад од 1,0 процент, или за 38 центи, на ниво од 37,58 американски долари за барел со што го продолжи надолниот тренд, откако синоќа падна за 42 центи.

Загриженоста за побарувачката на гориво се зголеми откако се појавија извештаи за пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Кина, поради што Пекинг ги прекинва летовите и ги затвори училиштата, а неколку американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Флорида и Калифорнија, пријавија нагло зголемување на новозаразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот