Во изминатите 24 часа е пријавено дека во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 598 пациенти позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот, а вкупниот број, заедно со хоспитализираните на инфективните оддели во главниот град, е 984.
Има околу 320 празни болнички кревети за ковид-пациенти, но бројот е променлив зашто
во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.
Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека, според извештаите што дневно ги добива од болниците, во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес – 31, во Куманово – 95, во ковид-центарот во Охрид – 60, во Прилеп – 70, во Гостивар – 39, во Струга – 36 болни.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 53 пациенти, во Кочани и Кичево по 18, во Кавадарци – 30, во Гевгелија – 14, а во Дебар има шест позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот.
– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопшти МЗ, наведувајќи дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.