„Ковид-јазик“ е нов симптом на коронавирусот

Фото: Профимедиа

Еден до петмина заразени сè уште има помалку вообичаени симптоми кои не се на официјалната листа, а во последно време кај сè повеќе луѓе се јавува овој симптом.

„Ковид-јазик“ е идентификуван како уште еден необичен симптом на оваа болест, информираа лекарите кои го следат ширењето на новиот коронавирус.

Епидемиологот Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон, кој ја предводи студијата за симптомите предизвикани од коронавирусот, на својот профил на Твитер објави непријатна фотографија која ги прикажува последиците од заразата. Епидемиологот рече дека пациентите пријавиле и чиреви во усната празнина.

Едно од пет заразени лица сè уште има помалку вообичаени симптоми кои не се на официјалната листа – како што е осипот на кожата. А, во последно време се соочуваме со сè поголем број на „ковид-јазик“ и необични чиреви во усната празнина.

Габриел Скали, претседател на епидемиологија и јавно здравје во Кралското медицинско друштво изјавил за британски „Сан“ дека слични симптоми веќе се поврзуваат со ковид-19.

Вирусот е проблематичен за лекување бидејќи предизвикува последици во толку голем обем и на различни делови од телото. имунолошки систем. Медицинскиот назив за отечен јазик е глоситис (glositis), вклучува и „малинест јазик“, а се појавува кај различни состојби, односно болести, како вирусите на херпесот кои го напаѓаат нашиот имунолошки систем – појаснува Скали.

Промените во јазикот, вклучувајќи болка, промена на бојата, отекување или невообичаена текстура, понекогаш може да бидат последица на главната болест, а не само нехигиена на усната празнина.

На пример, белиот јазик често е само таложење наслаги на храна, бактерии и мртви клетки, но може да биде знак на болести како што се орална кандидијаза, хормонални промени, недостаток на витамини, а британскиот Национален здравствен сервис (НХС) советува во тој случај да го контактирате вашиот матичен лекар

Кралскиот колеџ во Лондон забележа многу ретки симптоми кои ги нема на списокот на НХС. Едно од пет лица заразени со ковид-19 има осип на кожата, а еден од најчудните симптоми поврзани со промените на кожата се „ковид-прстите“ – црвеникави или виолетови израстоци на прстите на рацете и нозете, кои се чувствителни, чешаат и/или создаваат чувство на печење, што почесто се појавува кај помладите пациенти и се појавува подоцна по развивањето на болеста и може да потрае со недели потоа.

Уште некои необични симптоми на коронавирусот вклучуваат и губење на слухот и конјунктивитис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот