24.8 C
Скопје

Ковид хорор пострашен од Индија: Премиерот на Непал моли за помош

Во Непал, случаите на корона вртоглаво растат, болниците се пренатрупани, а премиерот моли за помош од друга земја. Минатиот викенд, 44 проценти од тестовите за ковид во Непал беа позитивни.

„Она што се случува во Индија во моментов е застрашувачки поглед кон иднината на Непал, ако не успееме да го зауздаме овој најнов бран козили, кој од ден во минута одзема се повеќе и повеќе животи“, рече д-р Нетре Прасад Тимсина, шеф на непалскиот Црвен крст.

Поради брзиот раст на инфекциите, многумина изразија загриженост за состојбата во таа земја, изјавувајќи дека кризата во Непал може да биде исто поразителна како и во Индија, ако не и полоша, пишува Си-Ен-Ен.

Непал има кревка здравствена заштита со помалку лекари по глава на жител од Индија и пониска стапка на вакцинација од соседот. Високата стапка на позитивни тестови покажува дека бројот на вистински случаи на инфекција е многу поголем од официјалните податоци.

Оваа состојба е предизвикана од бавната реакција на надлежните органи, недоволно почитување на мерките и организирање масовни јавни настани; вклучувајќи фестивали, политички собири и свадби.

„Ситуацијата се влошува од ден на ден и може да излезе од контрола во иднина“, рече во понеделникот Самир Адикари, портпарол на непалното Министерство за здравство и население.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар