Ковид-центри во Скопје: За 24 часа имало 19 приеми, вкупно се лекуваaт 284 пациенти

Амбулантно возило/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 284 сомнителни и потврдени лица со вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало шест приеми на пациенти, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември” осум, а на Инфективната клиника пет. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментот во ковид центарот на Клиниката за кожни болести се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија – 23, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 16 пациенти, колку што лежат и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести – 82 пациента, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент. Вкупно 284 потврдени и сомнителни пациенти на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 136 слободни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот