Ковид-центарот во Тетово укажува на софтверска грешка: Немаме 11 починати пациенти во еден ден

Тетовска болница. / Фото: МИА

Рекордните 11 починати лица од ковид-19 на тетовското подрачје не се само во еден ден, појаснуваат од ковид центарот при Клиничка болница Тетово за денешните статистички податоци објавени од Министерството за здравство. Според Министерството за здравство, од 21 починато лице, 11 биле од тетовскиот регион на возраст од 56 до 77 години.

– Станува збор за софтверска грешка поради која не се евидентирани смртни случаи од 15 јануари до вчерашниот ден и пренос на податоци. За изминатите 24 часа, односно од 12 часот во неделата до 12 часот вчера, починаа три лица, информира Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот.

Со овие 11 смртни случаи, во тетовскиот регион сега се регистрирани вкупно 204 починати лица кои од почетокот на пандемијата, бележи статистиката на Институтот за јавно здравје. Во моментот во тетовско има 326 активни случаи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот