Ковид-19 во Велес: Четворица пациенти оздравени и четворица починати

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во велешката Општа болница се хоспитализирани вкупно 68 пациенти од кои 60 потврдени позитивни, шест сомнителни и двајца со негативни тестови.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, Инфективното одделение со 54 пациенти е целосно потполнето. На Физикална, кое е второ ковид одделение, со 25 кревети сместени се десет пациенти и има сè уште слободни кревети. На Интерно „Б” крак се лекуваат четири пациенти, а кои се со последици по веќе прележан ковид.

Инаку денеска од велешката болница испишани како оздравени четворица пациенти со по еден негативен тест.

Продолжува и црниот биланс на починати во велешката болница. Вчера околу 18 часот починал маж на 68 години примен пред три дена, а после полноќ починале двајца мажи, еден на 59 години и еден на 68 примени пред два дена. Утринаа починал и пациент на 66 години примен пред три дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот