Ковид-19 во светот: Расте бројот на заразени, но и на оздравени – над 9,5 милиони

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Според приштинските медиуми, во Косово има над 500 здравствени работници кои се заразени од вирусот, а околу 120 од нив се лекари.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 15.747.227лица. Од нив починале 638.281, а оздравеле 9.599.890 луѓе.

Приштина – Во Косово вчера се регистрирани 213 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 6.680. Од нив починале 164 лица. Во изминатите 24 часа се евидентирани и 109 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 3.614. Денеска починаа еден 59-годишен хирург од Ѓаковица и лекар од Клиниката за реуматологија при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19. Со тоа бројката на починати лекари заразени од новиот коронавирус се искачи на три, откако на 21 овој месец почина лекар од Витина. Според приштинските медиуми, во Косово има над 500 здравствени работници кои се заразени од вирусот, а околу 120 од нив се лекари.

Подгорица – Во изминатото деноноќие во Црна Гора потврдени се 97 нови случаи на Ковид-19 и три смртни случаи. Во земјата во моментот активни случаи се 1.979, а досега од последици од новиот коронавирус починаа 33 луѓе.

Атина – Во Грција во изминатите 24 часа регистрирани се 26 нови случаи на Ковид-19, од кои шест при направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.135 лица.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти дека се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 од 1.109 направени тестови, со што бројот на заразени се зголеми на 1.047 лица.

Тирана – Во изминатото деноноќие во Албанија регистрирани се 104 нови случаи со Ковид-19,  а починале пет лица. Со последните  564 до сега во оваа земја направени се 37.875 тестови, позитивен резултат е добиен кај 4.570 лица, оздравеле 2.608, а починале 128, додека активни на болеста се 1.834 лица.

Белград – Во изминатите 24 часа во Србија регистрирани се уште 409 новозаболени лица, а починаа 10, со што бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 изнесува 518. Во сите здравствени институции во Србија хоспитализирани се 4.575 луѓе.

Загреб – Во изминатото деноноќие во Хрватска регистрирани се 81 новозаболени лица со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари кога е забележан првиот случај досега вкупно 4.715 лица, 128 починале, а оздравеле 3.555 луѓе.

Минск – Во Белорусија во изминатите 24 часа потврдени се 158 нови слуачи на Ковид-19, со што вкупниот број на инфиоцирани лица се искачи на 66.846 луѓе. Во земјата регистрирани се 524 смртни случаи од последици од новиот коронавирус.

Лусака – Во Замбија позитивни на новиот коронавирус се 15 пратеници и 11 вработени во Парламентот. Во земјата вкупно заразени се 3.865 лица, а починале 136 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот